Совети за одмор без нервоза

0
616

Сезоната на годишни одмори започна а пред нас е и продолжен викенд. Па често граѓаните кои патуваат надвор од нашата држава си го поставуваат прашањето што се можат да понесат со себе кога ја поминуваат границата. Битолчани најчесто ги бираат блиските дестинации како што е Грција, барем така велат од Туристичките Агенции од градот. Па за безбедно да стигнете до саканата дестинација потребно е да ги знаете најважните сообраќајни правила и прописи и секако да возите согласно со пропишаната брзина на патот.

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час.За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Но и за враќање во нашата држава треба да се мисли.
Македонските и странските државјани при премин на границата, односно влез во Македонија, се ослободени од плаќање на увозни давачки како што е царина, ДДВ и акциза за стоката што ја купиле за лична употреба во текот на престојот во странската држава,а која истовремено е и личен багаж. Конкретно тоа може да бидат преработки од тутун и тоа 200 цигари или 50 пури, или 250 грама тутун за пушење. Во дозволениот пренос на граница може да се пренесе литар жестоки алкохолни пијалаци кои се со процент на алкохол над 22% и алкохолни пијалаци со процент на алкохол што не надминува 22% како што е две 2 литри вино, стои на официјалниот сајт на Царинската управа на РМ.Поединечно секој може да внесе по едно шишенце парфем од 50 мл или 250 мл тоалетна вода.

Домашните патници се исто така ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност од 350 евра. Во овие ослободувања не влегуваат алхохолни пијалоци, преработка од тутун , парфеми и тоалетна вода.
Државјаните на Р.Македонија, но и оние кои не се државјани но престојуваат во земјава, при патување надвор од македонија можат слободно да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во против вредност до 2 илјади евра. Но тие можат да изнесуваат и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2 до 10 илјади евра, само ако при преминот на државната граница кај надлежните цариснски органи го пријават износот.

Патниците можат да внесат производи од животинско потекло купени од странство на територијата на Македонија како што се сирење, кашкавал , сувомесната производи најмногу до еден килограм. За поголема количина треба патникот да поседува потврда за извршен задолжителен преглед на стоката од страна на ветеринарно-санитарен инспекторат.

За внесување пак на лекови за сопствени потреби во земјава потребно е посебно одобрение од Агенцијата за лекови и медицински средства, и потврда од матична здравствена установа со податоци за идентификација на лекот и пациентот, како и потпис на лекарот.