Советник на Трамп сака да го екстрадира Ѓулен

0
286

Изборот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за национален советник за безбедност Мајкл Флин смета дека Вашингтон треба да ги подобри своите односи со Турција преку екстрадирање на свештеникот Фетула Ѓулен кого Анкара го обвини дека стои зад неуспешниот обид за пуч во јули.

Флин, кој е пензиониран генерал потполковник, во својот текст за весникот Хил го опишува Ѓулен како „сомнителен исламски свештеник со живеалиште во Пенсилванија“ кој крие „радикална исламска“ агенда. Според него широко распространетата мрежа на Ѓулен ги има сите карактеристики за да се опише како опасна заспана терористичка мрежа и од турско гледиште Вашингтон го крие турскиот Осама бил Ладен. Ние не треба да му обезбедуваме нему безбедно скривалиште, пишува Флин.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нарече победата на Трамп нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон и ги засили барањата за екстрадиција на Ѓулен.