Советникот Благојче Котевски реагира на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

0
1031

-Вчера на 9-ти Мај, на денот кога цел свет ја славеше победата над фашизмот, а европјаните Денот на Европа, ДПМНЕ одржа уште една неиздржана прес конференција, на која повторно ширеа злоба и небулози!

Вистинските прашања кои ги покренаа со својата прес конференција а на кои граѓаните бараат одговор се:

Зошто како партија не го одбележаа 9-ти Мај!?

Зошто Градоначалникот или негов претставник не положија цвеќе на споменикот на Народноосолободителната војна и антифашистичката борба?!

Зошто Советот на општина Битола не положи цвеќе на споменикот на Народноосолободителната војна и антифашистичката борба?! 
Иако е тоа влезено во програмата за одбележување на настани изгласани во Советот на општина Битола!

Зошто вчера првпат во својата историја, државните училишта не го одбележаа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа!?

Дали со минирањето на обележувањето на Денот на победата над фашизмот, сквернавењето на споменикот на Тито, ДПМНЕ застана зад фашизмот како идеологија!?

Дали со необележувањето на Денот на Европа, ДПМНЕ се откажа од нашата европска иднина!?

БОЈАТА СЕ МИЕ, КРВТА НЕ СЕ МИЕ!, изјави Благојче Котевски, советник од СДСМ Битола

 

Без коментари

LEAVE A REPLY