Советниците дискутираа за буџетот

0
247

Советниците денес дискутираа за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2015 година. Според опозицијата, постојат повеќе проекти кои биле ветени, но не биле реализирани, а требало да бидат во овој квартален извештај.

-Хотелскиот комплекс Ниже Поле, беше нешто што е ветено, но остана празно бетување. Гасификација и сумите со тој проект требаше да ги има во овој денешен извештај, рече Наташа Петровска, советник од СДСМ.natasa

Стојчевски посочи неколку примери.

-Од пред спортската сала каде некаде беше полигон за полагање возачки испит, потаму требаше да го видам покриениот базен, но него го нема. Сточниот пазар во Битола, овде и говедата не влегуваат за да бидат продадени, вели Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.

Од владејачкото мнозинство пак рекоа.

-Не носам календари, не правев туристички обиколки за да правам фотографии. Требаше да седнете и да ги видите бројките кои кажуваат друго, рече Соња Карапашовска, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Карапашовска реагираше и на прашањето од опозициските советници за каде се трошат парите од кредитот.

-На сметката од која ќе се трошат парите од кредитот јасно ќе се гледа во кварталниот извештај каде е потрошено, вели Карапашовска.

Кварталниот извештај беше изгласан со гласовите на владејачкото мнозинство, опозицијата гласаше против.