Советниците гласаа изготвување на ЛЕАП

0
1146

Иницијативата за изготвување на Локален акционен план за животна средина на Општина Битола денес се најде пред битолските советници. Овој план е најважен стратешки плански документ за управување со животната средина, но е и законска обврска.

-Планот ќе ги опфати сите медиуми, претходно ќе се направат анализи и ќе се донесат акти за подобрување на истите, изјави Олга Лозановска, советник од ВМРО ДПМНЕ.

olga
-Како локална самоупрва доцниме со донесување на таков документ, но тоа може да биде ирелевантно кога се зема фактор времето, битно е да се изработи квалитетен документ, изјави Томе Наумов, советник од СДСМ.

Според Наумов најболна проблематика се урбанистичките планови.

-Тие урбанистички планови најчесто се несоодветни и неадекватни, не почитувајќи ги основните стандарди, вели Наумов.

Планот треба даде насоки како треба да се следат состојбите со потенцијалните загадувачи на сите медиуми, да се анализираат негативните влијанија и кои мерки се неопходни за обезбедување на помал притисок врз животната средина, а со тоа и негативно влијание врз здравјето на граѓаните и биодиверзитетот и материјалните добра.

-Целта е да се подобри животната средина во Општина Битола, таков документ е донесен и во другите општини, рече Лозановска.

Точката беше изгласана едногласно.