Советниците расправаа за завршните сметки на училиштата

0
496

-Над 77 милиони денари се неподмирените пријавени обврскиу на училиштата во општина Битола. Зошто велам пријавени, зошто постојано се бега од законската обврска согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да се даде точната бројка. Во Битола имаме во моментот 8 Основсни и 2 средни училишта. Над 77 милиони денери или повеќе од 1 260 000 евра!!! Како денес функционираат училиштата? Функционираат со средства за хигиена обезбедени од донации. Некои кубурат со финансов минимум додека некои ни тој го немаат а сметките им се блокирани, изјави Наташа Петровска, советник СДСМ Битола

natasa petrovska

-Подолго време опозицијата не повикуваше и тоа согласно разните текови што се случуваа со седницата, ќе имавме избори, па немаме , имаше одредени точки кои што требаше да бидат, но ете денес дојдоа на дневен ред завршните сметки на училиштата. Тоа е една ситуација која што ние ја следиме и горе долу состојбата е слична како во минатите години, училиштата успеваат некако да ја подобрат својата финансиска ситуација. Ние практично како Совет ќе ја констираме таквата ситуација, изјави Силвана Ангелевска, претседател на Совет на општина Битола

silvana angelevska