Советниците со поддршка за Талески

0
1062

-Нашето присуство денес овде е одговор на крајните небулозни постапки и барања на СЈО. Работењето на СЈО се покажа дека е во тесна врска и директна навигација на СДС а со тоа ни е на сите јасно дека  споменатата институција практицира различни аршини во спроведувањето на правото. Во секој случај ова што деновиве ни се случува никако не е во согласност со декларирањето на неселективност при спроведување на законот од страна на СЈО, а ако е тоа така, тогаш прв кој што требаше да биде земен во обзир  за одговорен пред правдата е лидерот на СДСМ лицето Зоран Заев, зошто за него постои и кривично дело, се водеше и судска постапка, но е изречена аболиција која не покажува ништо друго туку дека лицето Зоран Заев е виновен. И уште еднаш токму поради сето претходно, бесрамно е да се бара оставка од Талески за недокажан криминал. Па нели сите ние сме без вина додека не се докаже спротивното? Затоа сметаме дека ова е класична судско-политичка манипулација со јавноста, чија цел не е спроведување на законот туку очаен обид на СДС  по маратонската серија погрешни неуспешни чекори, барем некако да ги мотивира своите приврзаници и членови, изјави Виолета Ковачевиќ, советник од ВМРО-ДПМНЕ Битола

-СЈО го згреши градот, Битола не е Струмица и тоа со аргументи ќе го видите уште утре, изјави Благој Шаклевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ Битола