Советниците за каменоломот на Билбил Камен

0
1510

– Какви последици по здравјето на граѓаните на Битола ќе има отворањето на овај рудник?Какво влијание ќе има врз зголемување на бројката на заболени луѓе од респираторни болести?Дали Општина Битола и службите надлежни за следење и заштита на човековата околина секогаш потфрлуваат и последни ги дознаваат информациите или тоа се намерни пропусти? Очигледно ДПМНЕ, општинската администрација предводена од ДПМНЕ и градоначалникот од редовите на ДПМНЕ продолжувааат за свои лични и партиски бизнис интереси да го загрозуваат здравјето на граѓаните , изјави Горан Козаров советник од СДСМ

-Изминатиот период ми се обратија граѓани со прашања што се случува на каменоломот кај месноста викана Билбил Камен. Јас се обратив до комисијата за екологија каде упатив и писмено барање до секторот за екологија при општината за да бидам информирана во врска со прашањата за тоа кој копа таму, дали има дозвола, кој ја издал дозволата, дали има изработено елаборат за влијанието врз животната средина и ред други прашања. И денес на седница побарав да се донесе заклучок ние како советници да ги добиеме одговорите на тие прашања, изјави Олга Лозановска советник од ВМРО-ДПМНЕ