Советниците за парите во буџетот

0
705

Кога во Советот на Општина Битола на седница се зборува за буџетот на општината, често има долга дискусија. Опозицијата ги набројува проектите кои не се реализирани, а владејачкото мнозинство она што е направено. Така беше и на последната седница.

-Можеме да набројуваме три дена и три ноќи. Толку многу лаги се изнакажаа, што не знаеме што е јаве, а што сон, изјави Горан Козаров, советник од СДСМ.kozarov

-Тоа е она што го прави општината, граѓаните го признаваат, пристап на локалната и централната власт кој не можете да го разберете и начин на кој да ги добиете изборите, изјави Николче Јанкуловски, советник од ПОДЕМ.jankulovski

Честа тема се и ставката од буџетот – оперативни трошоци.

-Оперативните трошоци се нешто што е актуелно во Советот, за разлика од минатата година тие се намалени драстично, за 16,5 милиони денари, рече Соња Карапашовска, советник од ВМРО ДПМНЕ.sonja

Од опозицијата велат дека зад ваквите ставки се криеле други работи.

-Дали знаете дека за општинската администрација е предвидено К-15 кое стои зад некоја ставка, незнам која е, незнам каде е, но Талески нема да им го исплати, туку ќе го искористи за други услуги, рече Габриела Илиевска, советник од ВМРО НП.gabriela

Во понеделникот на седница на Совет се изгласа ребалансот на буџетот со кој се намалува за помалку од 4 милиони евра.