Советот ќе расправа за евентуален референдум против мигрантите

0
491

Во месец август во Битола се случи „Будење“. Граѓанска иницијатива која во Битола собираше потписи против изградба на кампови за мигранти. Организаторот собраните потписи ги достави во општина Битола. На денот на доставувавање бројот на потпишани битолчани беше 1392.

Прашањето на бегалците се најде и на една од седниците на Совет на општина Битола. Владеачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ беше против прифаќање на стратегијата на Министерството за труд и социјална политика, а локалната опозиција рече дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира со јавноста и дека никакви кампови нема да се градат. Неколку дена потоа Талески го потпиша заклучокот за неприфаќање на нацрт стратегијата за бегалци и странци во Р.Македонија 2017/2027. Инаку заклучокот беше донесен на седницата на Совет на 11 август.

Министерката за труд и социјала Мила Царовска неколкупати објаснуваше дека се работи за истата стратегија која ВМРО-ДПМНЕ ја донесе во 2008 година, и рече дека никакви кампови нема да се градат во Македонија.

Битолскиот Совет првично закажа седница за денес 1-ви септември, но пред неколку дена ја одложија и ја закажаа за 4-ти септемвти в понеделник. На оваа седница ќе се најде предложената одлука за распишување референдум од страна на Советот на општина Битола. На евентуалниот референдум на локално ниво граѓаните на општина Битола ќе треба да се произнесат: Дали се ЗА или ПРОТИВ отварање на прифатни центри и создавање на услови за населување и интеграција на бегалци и мигранти на подрачјето на општина Битола?

Одлуката на референдумот на локално ниво ќе се смета за донесена ако за неа гласале мнозинство од вкупниот број на граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Изводот од Избирачкиот список за општината. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна, стои во текстот на предлог одлуката.

Таму има и термин за одржување на референдумот 15.10.2017 година (недела), во периодот од 07.00-19.00 часот.

Евентуалниот  Референдумот ќе го спроведе Општинската изборна комисија Битола и избирачките одбори.

Без коментари