Советот на јавни обвинители денеска ќе го усвојува планот и тимот на Јанева

0
282

Специјалната обвинителка Катица Јанева пред две недели го поднесе составот на нејзиниот тим од 14 обвинители за кои денеска ќе расправа Советот на јавни обвинители на Македонија.

На дневен ред на Советот денеска се и персоналниот, работниот и финансискиот план на Јанева чии делови веќе се објавија и предизвикаат реакции во јавноста.

Мандатот на специјалната обвинителка се истрага за сомневањата за сторени кривични дела поврзани со прислушуваните разговори објавени од СДСМ и случајот „Пуч“.

Во очекување нејзините планови и тим да се усвојат, Јанева соопшти дека „плановите се направени врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство“.

Она што предизвика најголеми реакции во однос на плановите се бараните пари – еден милион евра за три месеци за 124 вработени во специјалното обвинителство.

Според договорот од Пржино Јанева треба да ги има сите услови за почнување со нејзината работа 35 дена од донесување на Законот за специјалниот јавен обвинител кој во Собранието беше усвоен на 15 септември.

Вчера, во заедничка изјава, амбасадаата на САД и делегацијата на ЕУ го повикаа Советот на јавни обвинители да ја изврши својата улога согласно законот.

Денеска, Јавното обвинителство соопшти дека на вчерашниот собир јавните обвинители пројавиле незадоволство на начинот на избор на тимот на Јанева, од нејзиниот побаран буџет  и најавија иницијаатива за ооценување на уставноста на новиотт Закн за спеницјално обвинителство.