Советот на јавни обвинители ќе ја оценува работата на Јанева

0
345

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната седница треба да расправа и да ја оценува работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Катица Јанева ќе дава отчет и за тоа како СЈО постапило во случајот со предавањето на материјате од незаконското прислушување.

Имено, на седницата треба да се расправа и утврдува дали се направени пропусти во исполнувањето на законските одредби при примање на доказен материјал, во случајов при примањето на материјалите од прислушуваните разговори кои на Специјалното јавно обвинителство им беа предадени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Материјалите беа предадени лани на 30 декември. Забелешката е дека при примопредавањето не бил потпишан записник и листа за примените аудиоснимки и транскриптите.

Од СЈО, пак, рекоа дека постапуваат согласно законските прописи, а околноста што не е направен записник во моментот на самото предавање на материјалите сметаат не е пропуст во смисла на законските одредби.

Седницата ќе биде од затворен карактер.

Без коментари

LEAVE A REPLY