Советот на јавни обвинители одобри само пола тим на Јанева

0
1408

Советот на Јавни Обвинители, место 14 обвинители, колку што специјалната обвинителка предложи за во нејзиниот тим, на денешната седница и` избра само седум.

“Како и вие, и јас сега дознав дека нема да ми биде изберен целиот тим. Советот на јавни обвинители го прекрши законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Го прекрши и Договорот од Пржино, кого го ратификуваше и Собранието на Република Македонија со изгласување на Законот. Си го барам тимот назад комплетен. Се надевам следните денови Советот ќе закаже нова седница и ќе ја корегира својата одлука”, изјави по тричасовната седница специјалната обвинителка Јанева.

Таа побара поддршка од јавноста и од медиумите да извршат притисок да се спроведе Законот. Рече дека нема механизми тоа таа да го стори.

Во тимот на Јанева влегуваат Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи. Ниту еден од предложените обвинители од Скопското обвинителство, не е избран во тимот. Причините Јанева рече дека не ги знае, не и` биле кажани.

Претседателот на Советот Петар Аневски по седницата изјави дека одлуката да бидат избрани само седум помошници на Јанева е донесена врз основа на проценката за обемот на работа што ќе ја има Специјалното обвинителство. Советот не ја исклучува можноста да се зголеми тимот на Јанева ако се зголеми обемот на работа.

Без коментари

LEAVE A REPLY