Советот на млади на Општина Битола објави јавен повик за нови членови

0
477

Советот на млади на Општина Битола објави јавен повик за нови членови. Како што стои во повикот право да конкурираат за надворешни членови имаат средношколци, студенти и други млади кои што живеат на територијата на Општина Битола. Како услов кандидатите треба да бидат на возраст од 15 до 30 години и да имаат постајно живеалиште на Општина Битола.

Советот на млади на Општина Битола е советодавно работно тело на Советот на општината Битола, кој е основан со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општина Битола преку предлагање на иницијативи за прашањата кои ги засегаат младите на подрачјето на опптината.

Членови на Совет на млади на Општина Битола се: Младински културен центар – Битола, Младинска организација на СОЕУ „Јане Сандански“, Младинска организација на СОУ „Таки Даскало“, Младинска организација на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, УМС на ВМРО ДПМНЕ, Together Macedonia, Студенски Парламент на Технички факултет, Студенски Парламент УКЛО, Студенски Парламент на Технички Факултет и Студенски Парламент на Технолошко-технички Факултет.