Советот не го избра тимот на Катица Јанева

0
494

Советот на јавни обвинители и на денешната седница не ги избра помошниците на специјалната обвинителка Катица Јанева. Еден од членовите на Советот предложил изборот на тимот да се стави на дневен ред, но точката била одбиена со образложение дека нема околности за повторно гласање, бидејќи Јанева ги предложила истите имиња.

Специјалната обвинителка не сака да ја коментира ваквата одлука на Советот на јавни обвинители, но вели дека законот е јасен и таа има право да предложи кого сака. Јанева останува да ставот дека нема да се откаже од својот тим, јави утрински.