Советот не расправаше за тоа како функционира општината

0
916

На денешната 53 седница на Совет во општина Битола, советниците од опозицијата побараа оставка од градоначалникот Талески и прашаа како функционира општината по притворањето на градоначалникот и кои се неговите ингеренции

-Кое е нивото на надлежности и која е формата со која што градоначалникот ги извршува своите ингеренции во дадениов момент. Зошто тоа е битно? Затоа што тоа е поврзано со извршувањето на точките на дневниот ред и со извршувањето на низа одлуки, и со тоа како ние би се однесувале, изјави Наташа Петровска советник СДСМ

– Бараме јавно да го видиме решението на Кривичниот суд Скопје, што пишува кои се надлежностите на Талески по лишувањето од слобода и по изрекувањето на мерката куќен притвор, кои ингеренции ги има сега протворениот градоначалник, оти тој по разговорот во СЈО кажа дека работел по инструкции на обвинителството. Бараме да се формира комисија која ќе утврди дали од денот на притворањето Талески потпишал некој документ, дали некоја одлука се реализирала и дали нанел некоја штета на Општината, изјави Габриела Илиевска советник од ВМРО-НП

По жестоката расправа претседателката на Совет бараше да биде прекината седницата и да се почитува презумцијата на невиност

-Децидно се напишани точно ингеренциите на градоначалникот, точно на кој начин градоначалникот би ја изгубил функцијата, во никој случај Советот не одлучува, изјави Силвана Ангелевска претседател на Совет

Наташа Петровска од СДСМ побара да се изгласа одлука со која ќе се даде насока до управниот инспекторат да го преиспита непочитувањето на член 52 од Законот за локална самоуправа и члеен 58 од статутот на општината

-Знаеме дека градоначалникот е тој кој што го поднесува буџетот и кој што е одговорен за негово извршување. Во ставките на буџетот стојат и одредени суми кои што се однесуваат и на битолското културно лето.Сумите за таа програма се издвоени, изјави Наташа Петровска, советник СДСМ

– Во буџетот не дефинираме средства за Бит фест, туку програма за култура. Програмата е таа што ги опфаќа сите настани и таа е во целина земена, изјави Силвана Ангелевска претседател на Совет на општина Битола

Предлозите на опозицијата мнозинството советници не ги прифатија. Расправата продолжи по останатите точки од дневниот ред

Без коментари

LEAVE A REPLY