Советот за безбедност е за нови санкции врз Северна Кореја

0
268

Советот за безбедност на ОН постигна согласност за подготовка на резолуција со нови санкции против Северна Кореја. Членовите на СБ „со тоа ќе почнат неодложно“, изјави новозеландскиот амбасадор во ОН, Џерард ван Бохемен

Советот за безбедност на ОН најави нови санкции против Северна Кореја, по најновата нуклеарна проба што ја спроведе Пјонгјанг. Петнаесетте членки на телото најостро го осудија атомскиот тест, се вели по вонредната седница на СБ во Њујорк. Членките на Советот „неодложно ќе почнат“ со подготовка на предлог резолуција која ќе ги содржи мерките кои ќе бидат преземени против Северна Кореја, изјави новозеландскиот амбасадор во ОН Џерард ван Бохемен, чија земја во моментов претседава со СБ.