Советот за безбедност на ОН го започнува гласањето за нов генерален секретар

0
214

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го одржи првото гласање за новиот генерален секретар на Светската организација. За функцијата генерален секретар на ОН се пријавени 12 кандидати.

Во изборот за наследник на првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун од регионот се пријавени Вук Јеремиќ, некогашниот шеф на српската дипломатија, поранешните министри за надворешни работи на Хрватска и Македонија, Весна Пушиќ и Срѓан Керим, некогашниот премиер на Црна Гора Игор Лукшиќ и поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк.

Во трката за позицијата генерален секретар на ОН се и генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова од Бугарија, администраторката на Развојната програма на ОН Хелен Кларк од Нов Зеланд, министерката за надворешни работи на Аргентина Сузана Малкора, шефот на словенечката дипломатија Мирослав Лајчак, поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш, некогашниот шеф на молдавската дипломатија Наталија Герман и поранешниот извршен секретар во Рамковната конвенција на ОН за климатски промени Кристијан Фигуерес.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави за ТАСС дека името на новиот генерален секретар, кој ќе стапи на должност на 1 јануари 2017 година, најверојатно ќе биде познато во октомври, за време на руското претседавање во Советот за безбедност.