Советот за етика во медиумите бара оставка од Пешевски поради нападот врз Ивановски

0
583

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски.

„Како тело коешто е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во македонските медиуми, залагајќи се за што повисок степен на одговорност кај новинарите и почитување на новинарските стандарди во нивното известување, се прашуваме – како истите да се наметнат во општество во коешто носителите на јавна функција физички напаѓаат заради поставено прашање!?

За да се очекува новинарите да бидат максимално професионални и етични во своето известување, апсолутно дека треба да има демократска клима во којашто функционерите ќе бидат начисто со фактот дека трошат јавни пари и дека имаат обврска да даваат отчет пред јавноста.“, соопштуваат од Советот за етика во медиумите на Македонија