Советот за миграцијата и намалувањето на ученици

0
827

На последната седница на Советот на Општина Битола додека се зборуваше за образованието се зборуваше и за намалување на паралелките во училиштата, што беше поставено и како точка на дневен ред на седницата. Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Соња Трпезановска во контекст на ова зборуваше и за иселувањето.
-Со овој горлив проблем не се соочуваме само ние, туку и сите балкански земји. Со укинување на визите за европските земји, а визите беа укинати благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ се отвори европскиот пазар на кој секој со своето образование и квалитет може да конкурира, рече Соња Трпезановска, советник од ВМРО ДПМНЕ.sonja

Според неа децата поефикасно учат ако се помалку во паралелката.

-Со налаувањето на бројот на учениците, директорите прават напо5ри и прераспределба на местата на наставниците, да не остане никој на улица. Со помалку деца во едно одделение, децата поефикасно и подобро учат и ја совладуваат материјата, рече Трпезановска.

Од опозицијата велат дека заради миграцијата е намален бројот на учениците.

-Имаме невидена миграција и затоа треба сите да се запрашаме. Кога јас учев, мојот клас имаше 30 ученици. Денес ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ има8-9 деца во одделение, во ОУ „Гоце Делчев“ 10-11, вели Габриела Илиевска, советник од ВМРО НП.gabriela

Илевски искоментира.

-Ми е жал што колегите советници се мачат да одбранат нешто што не е така, а оној кој треба да одговори на ова прашање го нема. Викнете го градоначалникот да ни објасни зошто е ваква состојбата во училиштата. Зошто се трудите да ни кажете дека е нормално во 21 век училиштата да работат со блокирани сметки, вели Илиевска.
Советничката дискусија за образованието започна на 14 октомври, и продолжи на продолжението на седницата во средата.