Совршен фитнес центар Energym

0
4297
  • Денес е твојот ден, да започнеш со вежбање, да се храниш правилно .Oва е мотото под кое викендов во Битола се отвори фитнес центарот Енерџи џим, кој е во рамките на комплексот Кеопс и е еден од најдобро опремените фитнес центри во нашата држава.
    Современи услови за тренинг и рекреација во добро уреден простор со различна содржина, со беспрекорна чистота и квалитетна услуга, се само дел од карактеристиките на овој фитнес центар.
    Тука се воведуваат нови стандарди во областа на фитнесот и релаксацијата и е пред се наменет за луѓе со посебен животен стил кој сакаат во позитивна атмосфера да ја обноват својата енергија, здравје, кардиоваскуларен систем, мускулен тонус и целокупната психофизичка кондиција пред, за време или по напорниот работен ден.
    На површина од 1000 метри квадратни, се распоредени најдобрите машини за вежбање, а најдобриот тим на тренери постојано е на располагање за демонстрација на вежбите, совети за исхрана и за здрав живот.
    Меѓу многубројните гости присутни и шампионите во фитнес и кик бокс, сопственици на теретани, кои ја поздравија идејата за отварање на фитнес центарот.
    Условите создадени за тренинг на професионалните спортисти се еднакви и за сите членови на Фитнес центарот Енерџи џим.
    Вежбањето освен што е важно за добра форма и за здравјето, делува позитивно и на целото тело и го подигнува расположението и енергијата.
    Сега и битолчани можат да вежбаат во најдобро опремениот фитнес центар Енерџи џим.