Спанаќот иако евтин слабо се продава

0
669

Спанаќот на битолскиот пазар го има во изобилие. Ако лани граѓаните од својот буџет одвојувале 50 денари за килограм спанаќ годинава тој ги чини само 20 до 30 денари. Трговците велат дека иако е дупло намалена цената не се задоволни од продажбата.

И купувачите го делат мислењето со трговците. Велат дека година цените на пазарот пред Велигден се многу поефтини од минатата година

Спанаќот во март бил поевтин за 42% во однос на истиот период лани.

Ова го покажуваат статистиките, според кои цените на производите на зелените пазари биле поевтини од лани. Во втората половина на март понудата на сезонски зеленчук на зелените пазарите се зголемила. Во најголеми количини била застапена зелката, со што и цената била пониска за 17 % во однос на лани.

Малку поскапи биле само пиперките за 0,6 %, а намалување на цените од 12 до 39 % имало и кај младиот компир, зелената салата, морковот, доматите и краставиците.

Цената на килограм краставици на битолскиот пазар изнесува од 30 до 40 денари, компирот може да се купи за 20 денари за килограм, а пак што се однесува до зеленчукот на парче, зелената салата е 10 денари, за 20 денари може да си купите три лути пиперчиња, а младиот кромид и лук се движи од 10 до 15 денари

Без коментари

LEAVE A REPLY