Спанулис се врати во грчката репрезентација

0
361

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Грција, Фоцис Кацикарис, го објави списокот на играчи со кои ќе ги започне подготвките за настап на Евробаскетот. Грција која во првата фаза ќе биде еден од противниците на Македонија на Евробаскетот ќе настапи со респектибилен состав кој ја става во редот на фаворитите за освојување на медал. Во националниот тим се враќаат Василис Спанулис и Стратос Перпероглу, а на списокот се и тројца играчи кои играат во НБА лигата (Јанис Антетокоунпоs, Костас Куфос и Костас Папаниколау.

Комплетниот список изгледа вака:
Никос Зизис (Бамберг), Василис Спанулис (Олимпијакос), Ник Калатес (Панатинаикос), Костас Слукас (Фенербахче), Вангелис Манцарис (Олимпијакос), Костас Папаниколау (Денвер), Јанис Антетокоунпо (Милвоки), Костас Куфос (Сакраменто), Владимир Јанковиќ (Панатинаикос), Стратос Перпероглу (Барселона), Јоргос Принтезис (Олимпијакос), Димитрис Аграванис (Олимпијакос), Костас Кајмакоглу (Уникс), Јанис Бурусис (слободен играч), Зизис Сарикопулос (АЕК).