СПАС за наводнувањето

0
1345

„ Ние земјоделците од пелагонискиот регион реагираме за проблемите настанати со недостатокот на вода за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија кој траеше подолг период .

Иако ние земјоделците имаме склучено договори со ЈП Стрежево и си ги исполнуваме обврските, заради проблемот со главниот каналнастанат од свлечиште уште од февруари месец , вода не добиваме редовно .

Зошто надлежните не го санираа проблемот со каналот во изминатите 5-6 месеци?

Зошто се дозволи во екот на сезоната за наводнување, на пеколни горештини да немаме капка вода по нивите и да се уништи родот од посевите?

Затоа денес јавно се обраќаме до Министерот за земјоделие Михаил Цветков и до пртемиерот Никола Груевски со барање:

-Владата веднаш да обезбеди средства и да ги обештети земјоделците од Пелагонија

-Да се формира комисија за проценка на штетите во која ќе учествуваме и ние како Здружрнир на земјоделци кои најдобро ја познаваме состојбата“, Николче Бошевски изјави птретседател на Синдакат СПАС