Спасени над 1300 мигранти

0
250
In this photo taken on Thursday, Dec. 4, 2014 provided by the Italian Navy, rescue crews approach migrants on a rubber boat some 40 miles (65 kilometers) from the Libyan capital, Tripoli. Rescue crews discovered 16 bodies in a migrant boat off Libya, the first reported deaths since the European Union took over Mediterranean rescue operations, the Italian navy said Friday. The EU operation, launched last month after Italy phased out its more robust rescue program, foresees patrols 30 miles (50 kilometers) from the Italian coast. (AP Photo/Italian Navy)

Над 1.300 мигранти се спасени вчера во Сицилијанскиот проток, соопшти италијанската крајбрежна стража, јави ДПА.

Изминатите недели по затворањето на т.н. балканска маршрута преку Турција и Грција, Италија се претвори во главна влезна точка за мигрантите од Блискиот Исток, Азија и Африка, кои се обидуваат да стигнат преку Средоземното Море во Европа.

Вкупно 1.348 лица биле спасени во 11 одделни операции вчера со учество на италијанската крајбрежна стража, европската военопоморска мисија во Средоземното Море, невладината организација „Мос“ со седиште во Малта и приватен реморкер.