Спасов поднел кривични пријави за група која го бркала

0
379

Откако вчера дополителниот заменик министер за труд и социјална работа Диме Спасов дал исказ во полициската станица Карпош, а таму изјави дадоа и други кои беа инволвирани во настаните, медиуми кои се повикуваа на полициски извори велат дека тој поднел кривична пријава против неколку лица од албанска етничка припадност од скоспакта населба Серава, кои ноќта кон саботата наводно го бркале и го нападнале, попладнето добиле кривични пријави.

Заменикот Министер Диме Спасов поднел кривична пријава до неколкумина луѓе, за кои тој тврди дека се насилниците кои вчеравечер го нападнале и бркале возилото во кое се превезувал Спасов.

Според полицискиот извештај, Спасов направи два сообраќајни инциденти и побегнал од полицијата кога бил сопрен, а неговата сопатничка останала во полиција и дала исказ. Потоа, на местото на инцидентот на улицата „Алжирска“ се појавило трето лице кое тврдело дека тоа го управувало џипот „туарег“. Според сознанијата на медиумите, лицето коешто се пријавило како сторител на незгодата, е личниот возач на министерот Спасов, вработен Минисерството за труд и социјална политика./крај/мф

Без коментари

LEAVE A REPLY