Спасов во Битола

0
187

Девет милиони денари чини зафатат од втората фаза на реконструкцијата на Центарот за социјални работи во Битола кој е дел од проектот за целосна реконструкција на Центарите за социјална работа во Македонија. Денеска во работна посета на битолскиот Центар министерот Спасов.
Во завршна фаза на реконструкција се центрите во Демир Хисар, Крушево, како и во Охрид, Прилеп и Битола. Преку овој проект како Влада покажуваме грижа и за институциите на локално ниво. Центрите за социјална работа се меѓу побитните институции во кои голем број граѓани на РМ ги остваруваат своите права од социјална и детска заштита, но и добиваат одредени услуги, појасни Спасов.
Станува збор за еден од најголемите и 30 години стар објект.
Виолета Гаџовска директор на Центарот за социјална работа во Битола вели дека на овој начин ќе се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните и подобри услови за работа за вработените.
Во градежните зафати, објектите ќе бидат енергетски ефикасни, со термо фасади и нова дограма, нови санитарии и нов мебел, а целта е подобрување на условите за работа и ефикасноста во приемот на граѓаните.
Талески рече дека иако се поделени работите сепак се врзуваат со овој настан преку неодамнашната реконструкција на градинките во градот.
Вкупната сума на проектот кој ги опфаќа седумте центри изнесувал 36 милиони денари.Третата фаза на реновирање на центрите за социјална работа преку ИПА –прогармата. Очекуваме,некаде до средината на оваа година да биде потпишан договор за реновирање на уште деветнаесет центри за социјална работа истакна министерот.