Спасовски министер за внатрешни, Кирацовски заменик за информатичко

0
932

По речиси  осум часа директни преговори на партиските лидери, конечно, постигнат е договор за насоките за излез од кризата договорени во Пржино. Со МВР ќе раководи Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, а со Министерството за труд и социјална политика потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски. Законскиот пакет за Влада, за прислушуваните материјали и за свиркачите „во најбрз можен рок“ќе се најдат пред пратениците за усвојување.

Заменици министри од СДСМ ќе бидат Кире Наумов (финансии), Александар Кирацовски (Администрација) и шефот на кабинетот на Зоран Заев,Љупчо Николовски (Земјоделие).

Ова го договорија партиите потписнички на договорот од Пржино на ноќешната партиска среддба со посредство на експертот Питер Ванхауте.

Овие две одлуки, заедно со законите за прислушуваните материјали и за т.н. свиркачи ќе одат на одобрување во Собранието, најверојатно в понеделник, откако работните групи на четирите партии ќе ги утврдат деталите за нив.