Спасовски наредил да се одземат возилата кои се користеле неовластено

0
373

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во понеделникот истакна дека постојат сериозни индиции за злоупотреба на одредби кои ги регулираат начинот на обезбедување  и користење на службени возила на МВР, како и дека наредил укинување на неовластените привилегии.

Постојат докази дека службени возила и обезбедување на МВР користеле и личности кои не ги исполнуваат условите, како и личности на кои воопшто и не им следуваат возила и обезбедување, истакна Спасовски.

Тој наведе неколку личности кои користеле обезбедување и возила на министерството и рече дека издал наредба веднаш да бидат одземени.

Според министерот за внатрешни работи, на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков им следува обезбедување една година по престанок на мандатот и тие со решение се покриени.

Тој, исто така, истакна дека целиот случај се уште се истражува, а од одговорните е побарано да бидат доставени службени белешки  за тоа врз која основа се издадени усни наредби за користење на службено обезбедување и возила.

Воедно, била издадена наредба да се изврши проценка колкава финансиска штета е нанесена на министерството, како и тоа кој од раководните лица вршеле злоупотреба , односно кои користеле службени возила 24 часа. /крај/мф/ап/

Без коментари

LEAVE A REPLY