Спасовски побара поддршка од десет пратеници за да се избере претседател на Собранието

0
463
Оливер Спасовски побара поддршка од десет пратеници за да се премине на четвртата точка од дневниот ред со цел Собранието конечно да добие претседател, бидејќи како што рече дебатата која се води на седницата не води никаде.

– Вчера 62 пратеници побаравме работата на седницата да се продолжи од 18 часот, па се до исцрпување на дневниот ред, но вие очигледно е дека не сакавте, рече Спасовски.