Спектакуларна сценографија на Светозарев за претставата Бура

0
497

Во Црногорскиот народен театар на големата сцена, премиерно беше изведена претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на македонскиот режисер Дејан Пројковски.

ој со огромната екипа создаде сценски спектакл кој функционира низ елементи на чулни ефекти, масовност, голема сценографија, многу костими, прецизна кореографија и акробатика, моќна музика, светло кое се претопува во функција на спактаклот и случувањата на сцената. На неа е речиси целиот ансамбл на ЦНП. (триесеттина актери), заедно со уште две класи на студенти по глума вели театарскиот критичар Лилјана Мазова.

Во екипата на спектаклот се и други автори од Македонија: костимите се на Марија Пупучевска, кореографијата е на Олга Панго, музиката на Горан Трајковски, а сценографијата е на Валентин Светозарев.

Сцените на воздушна акробатика се на Александар Илиев (Бугарија).

Во претставата играат Бранимир Поповиќ, Нада Вукчевиќ, Никола Перишиќ, Момчило Оташевиќ, Андреа Мугоша, Славиша Ѓуровиќ, Мишо Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Мирко Влаховиќ.

Во годината кога се одбележуваат 400 години од смртта на еден од најголемите драматурзи на светската книжевност, Црногорскиот народен театар го враќа Шекспир на својот репертоар по подолга пауза.

Се работи за голем продукциски зафат, не само поради тоа што на сцената играат 30 актери туку и затоа што во прашање е технички комплексен и сериозен проект .

Црногорските медиуми пренесуваат дека Пројковски е режисер на многу сериозни проекти и дека во регионот и пошироко македонската екипа е позната по невообичаените поставки на светски класици. Според Пројковски, „Хамлет“ и „Бура“ се две најголеми драми на Шекспир.

Бура на Шекспир, е неговиот тестамент, простување од театарот. Всушност, тоа е претстава која има сè што може да се дефинира како театар, како негова смисла, како материјал за актерска игра.

Со сите театарски и животни елементи/загатки/прашалници за човековиот дух и чувствителноста/кревкоста на неговиот морал во било кое општество и било кое време. Вербата во човекот, бродоломите низ кој тој поминува.

Изведбата е театар во театар во кој изведувачите себеси и гледачите се/не спроведуваат низ константната борба за власт, насилствата, завери, страдања, изолации, надмудрувања, сништа. Сето она што е содржано во Шекспировит став: “Ние сме граѓа од која се прават сништа, и нашиот мал живот ни е заокружен со сон” -вели Мазова.

Без коментари

LEAVE A REPLY