Спектакуларно бегство од затвор

0
583

Видео снимка од драматичното бегство со хеликоптер на двајца затвореници од еден канадски затвор во 2013 година се појави во јавност.

Снимката од бегството што ја снимиле чуварите на затворот во канадската покраина Квебек во 2013 се појави за време на судењето за друго кривично дело на едниот од бегалците, Бенџамин Хадон Барбо.

Бегството беше ударна вест во канадските медиуми во март 2013, кога Барбо заедно со уште еден затвореник избегаа со хеликоптер, кој претходно двајца соучесници го грабнаа, приморувајќи го пилотот да се спушти на покривот на затворот.

Како што се гледа на снимката, двајцата се закачиле за јажето прицврстено за леталото.

Потоа му наредиле на пилотот да слета на место каде што ги чекал автомобил.

Хадон Барбо, вториот затворник Дени Провенсал и двајцата соучесници беа уапсени само неколку часа подоцна. Тие го признаа грабнувањето на хеликоптерот и бегството од затворот.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY