Специјален суд за специјални случаи

0
505

Партиите не разговарале за формирање специјално судско тело кое ќе ги процесуира предметите од СЈО, но тоа може да биде нивна следна тема. Од власта засега нема такво расположение, но работите може да се сменат, пишува Радио Слободна Европа.

За посебно одделение во кривичниот суд кое ќе постапува за предметите од Специјалното јавно обвинителство досега не е разговарано на кое било ниво меѓу партиите, тврдат и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Никогаш во рамки на разговорите за Договорот од Пржино не станало збор за специјално судско одделение ниту постои логично образложение зошто сега би се отворило тоа прашање“ вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски.

Од СДСМ наведуваат дека ако се имаат предвид досегашните одлуки на судот доколу таква идеја биде ставена на маса тие би ја поддржале.

Владиниот коалициски партнер ДУИ пак веќе најави дека ако во разговорите се отворела таква иницијатива тие принципиелно ќе биле за формирање на канцеларија или посебен оддел во Кривичниот суд. Ваквата најава на партијата на Ахмети според некои аналитичари е најава дека тоа ќе биде и следна тема за разговор меѓу партиите.