Специјализирани ДВД изданија во библиотеката

0
286

Со цел да се сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции и јавните добра денеска беше промовиран проектот „Секој има право да го разберат“.Во рамки на проектот беа промовирани три ДВД  изданија чија содржина се раскажува и со знаковен јазик

„Во рамките на проектот обработени се повеќе раскази во ДВД формат чија содржина се раскажува и со знаковен јазик“, изјави Науме Ѓорѓиевски директор на НУУБ „Св.КлиментОхирдски“.

proekt
Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции и јавните добра.Со ова се прави мал чекор но голем напредок кон социјална интеграција и еднакви можности на лицата со оштетен слух,говор и вид“, изјави Фатма Бајрам
Аземовска  НУУБ „Св. Климент Охирдски“.
Проектот„Секој има право да го разберат“ се реализира со финансиска поддршка на
Министерството за култура на Република Македонија.