Специјалната обвинителка Јанева избра тим од 14 обвинители

0
1567

Специјалната јавна обвинителка Катицва Јанева, денеска на прес конференција соопшти дека до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ќе предложи имиња на 14 обвинители кои ќе бидат дел од нејзиниот тим во специјалното обвинителство.

Се работи за за Артан Ајран, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Дончев, Трајче Пеливанов и Фатмир Фетаи.

Кандидатите се редовни обвинители кои работат низ различни градови во Македонија.