Специјалната обвинителка ќе работи повеќе од 30 предмети

0
426

Во третото барање за оформување на нејзиниот тим до Советот на јавни обвинители, Специјалната обвинителка, известила дека ќе работи повеќе од 30 предмети.

Јанева побарала од обвинителите да бидат избрани што поскоро, бидејќи роковите за почеток на нејзината работа поминуваат и одеднаш ќе мора да се работат многу по број и по обемност предмети.

Јанева од СЈО бара да и одобри уште седум помошници-обвинители.

Меѓутоа, претседателот на Советот Петар Аневски вели дека нема да заседаваат и да одобрат уште 7 обвинители, бидејќи моментално немало ништо ново. Односно, новото обраќање на Јанева било повторно со истите имиња (обвинители) и нема никакви нови околности.„Непотребно се крева тензијата. Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа Катица Јанава упати апел да не доаѓаат. Тоа што не дојдоа досега за Советот е невидена работа. Мислам дека Специјалното јавно обвинителство треба да почне со работа, а во иднина, во следните месеци да се размислува за зголемување на бројот на јавните обвинители“, изјави Аневски.

Од Советот веќе се пожалија дека обвинителите работат три пати повеќе предмети со многу помалку пари и ресурси и затоа на Јанева нема потреба да и се изгласа голем тим.

Без коментари

LEAVE A REPLY