Специјални и први награди за ученици на битолското музичко училиште

0
191

На овогодинешниот државен натпревар во Скопје ,учествуваше државното музичко училиште од Битола, чии ученици освоија многубројни специјални, први и втори награди со што уште еднаш се потврди квалитетот на ова училиште.

Muzicko_-_7.jpg

-По натпреварот во Скопје, следуваше уште еден меѓународен натпревар организиран во Битола, „Михајло Николовски”, во кој беа застапени музичко-теоретските предмети каде учениците постигнаа високи резултати” -истакна Маја Стаменковиќ, професор по солфеж во музичкото училиште во Битола.

Muzicko_-_4.jpg

За учениците, овие награди не се први, имено тие освојувале награди и на повеќе државни но и меѓународни натпревари.

Muzicko_-_3.jpg

Како заокружување на сите овие награди и наградени ученици, ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на 14-ти мај во четврток во Центарот за култура, со почеток во 20 часот, каде што речиси сите наградени ќе се претстават пред битолската публика.

 

Неда Маретиќ