Специјални полициски сили пред Студентскиот парламент

0
429

Полициски специјалци и околопни возила беа распоредени пред седиштетот на Студентскиот парламент на Скопскиот универзитет. Таму членови на Студентскиот пленум со часови го блокираат влезот за да видат што се случи со кутиите со гласачки ливчиња од изборите за студентски лидер, кои беа земени од факултетите и однесени во седиштето на СПУКМ. При крајот на гласањето група луѓе, претставувајќи се како студенти, за дел од кои подоцна медиумите излегоа со податоци дека се вработени во локална администрација, упаднаа на Правниот факултет и однесоа неколку кутии со гласови. Според универзитетскиот Статут ливчињата треба да се пребројуваат јавно на самите факултети.