Специјалниот јавен обвинител во фокусот на обраќањето на Груевски и Заев

0
239

Договореното од Пржино и специјалниот јавен обвинител чиј рок за избор полека истекува во фокусот на празничните обраќања на премиерот Никола Груевски и претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев.
Како е договорено и потпишано така и да се реализира порача Груевски. Сперцијалниот јавен обвинител треба да има стручен тим со кој ќе работи и никој не смее да го попречува во работата, рече премиерот.

Специјалниот јавен обвинител да се избере до договорениот рок, порача Заев и очекува тој да отвори постапки за како што рече сите криминали кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Заев рече и дека ја очекува оставката на Груевски до крајот на годината.

И додека Заев за закочените евроинтеграции и недобивањето на покана за членство во НАТО ја обвини владата на Груевски, премиерот за седумгодишната блокада не ЕУ ја посочи Грција и побара од Брисел како што рече да стави крај на оваа неправда. Груевски повторни нагласи дека Македонија е подготвена за компромис но и дека чека потег од Атина.