Специјалниот обвинител ќе го истражува и „Смилковско езеро“

0
582

Вицепремиерот Фатмир Бесими во интервју за дневниот весник „Вест“ најавува дека специјалниот обвинител ќе го истражува и случајот „Смилковско езеро“, кој предизвика бура од реакции во јавноста, откако опозицискиот лидер Зоран Заев најави дека во политичките бомби има и адуио-разговори за овој случај.

– Тоа што специјалниот јавен обвинител ќе го има како работа е самиот процес на прислушување и содржината на материјалите. Како што веќе е кажано во јавноста, во разговорите има материјал и за „Смилковско езеро“, што значи и тие треба да бидат предмет на истрага, вели Бесими.

На прашањето дали ДУИ останува во Владата, тој одговара – откако Македонија влезе во политичка криза, ДУИ постојано настојува да се создаде клима за политички дијалог и преку компромис да се изнаоѓаат решенија, со цел земјата да излезе од кризата и да се врати на евроатлантската патека. Како политичка партија и како дел од Владата, свесни сме дека тоа е во интерес на граѓаните, па затоа и инсистиравме да дојдеме до дијалог. Тоа значи дека ДУИ продолжува да биде дел од владината коалиција, со целосно почитување на договорот и со постигнување ситуација за фер и демократски избори на 24 април, изјавил во интервју за „Вест“, Фатмир Бесими.

http://vest.mk/?ItemID=F6212D8D67583E43BEB4C45B6F21920B