Специјалниот обвинител ќе се моделира по 17 август

0
293

Разговорите за специјалниот обвинител ќе продолжат по 17 август, а на денешната последна средба пред одморите, работната група повторно ќе се посвети на изборниот пакет.

Ништо не е договорено на вчерашната средба на работната група во однос на начинот на избор и овластувањата што треба да ги има новиот специјален обвинител, како и за пакетот законски измени кои треба да овоможат тој да биде избран до 15 септември и да има целосна автономија за да ја води истрагата за разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите. На синоќешниот состанок на работната група, составена од претставници на четирите партии – потписнички на Договорот од 2 јуни, за првпат беше отворена темата за именување специјален обвинител, која е една од посуштинските обврски од Договорот. На средбата за првпат присуствуваше и претседателот на Меѓународната асоцијација на обвинители, Џејмс Хамилтон, кој беше и дел од тимот на Европската Комисија предвоен од Рајнхард Прибе, кој го подготви експертскиот извештај за Македонија.