Специјалниот обвинител ќе се знае до вторник

0
182

Специјалниот јавен обвинител треба да биде избран како што беше договорено на партиските разговори водени со меѓународно посредство – до вторник, изјави во интервјуто за Коха Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

За бројот на заменици-обвинители на специјалниот обвинител, ДУИ предлага вкупно осум, од кои тројца да бидат Албанци.

 „Уште на почетокот изразивме подготвеност јавно да се презентираат потенцијалните кандидат за оваа важна позиција. Ние ќе го направивме тоа и официјално, без разлика на конечното решение кое треба да биде постигнато со консензус меѓу четирите политички партии и меѓународната заедница“, изјави Ахмети во интервјуто за Коха.

Без коментари

LEAVE A REPLY