Специјалци упаднале во џамија, се трага по припадници на ИСИС

0
304
Германските специјалци упаднале во една џамија во градот Хилдешајм за време на антитерористичка операција.

Рацијата била изведена поради основано сомнение дека во џамијата се радикализираат и се регрутираат муслимани кои се борат за Исламската држава. Притоа, извршен бил претрес на Германскиот исламски круг и домовите на осум членови на одборот на споменатата организација.

Во големата рација учествувале околу 350 германски полицајци. Се верува дека оваа исламска заедница ги охрабрува младите муслимани да заминат на фронтот во Сирија и Ирак, односно да им се придружат на џихадистите на Исламската држава.