Специјалци утрово не дозволуваат со возила да се влезе во Стајковци

0
1746

Силно полициско и воено обезбедување утрово не дозволува влез на цивилни возила во Стајковци, со образложение дека во селото ќе влезе тешка механизација која ќе биде вклучена во расчистување на штетите од поплавите кои создадоа огромни штети во овој регион, во саботата, објави Плусинфо.

Новинарските екипи и луѓето кои носат хуманитарна помош може да влезат само пеш во селото.

Од АРМ веќе информираа дека во текот на вечерта на граничниот премин Блаце пристигнал конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини кои ќе се ангажираат на терен онаму каде што се потребни.