Спомените од куќата на Трајчевци во Велушина

0
484

На 12 тина километри од центарот на Битола, Велушина е село во замирање. Неколкумина останеле тука да живеат, се иселиле барајќи си подобар живот. Куќите од кои само камењата останеле, сведочат дека некогаш овде се живеело бројно, со стока, со деца, со жители, но се е веќе минато, тука ги нема ни оние, кои во дедовина ги добиле овие имоти. И додека ваква слика го претставува Велушина, една куќа, односно куќата на Трајчевци, ни го сврте вниманието со портата, нова од дрво направена. Влеговме и за среќа ни отворија. Мирјана Кончар е жена која размислува поинаку од другите Велувци, вели се што имам тука вложувам во оваа куќа, каде растев со брат ми, кога доаѓавме на посета кај дедо ми по мајка. Висок, убав човек, вели го паметам по мустаќите. Мирјана е жена која од скромност, не сакаше во камера да ни ја раскаже прикзната за куќата на Трајчевци, ми го отстапи тоа право мене велејќи, ти тоа поубаво ќе го кажеш и еве ви раскажувам. Во куќата Мирјана вложува веќе седум години, не го прави тоа со нови фасади или скап мебел, се е автентично на дедовата куќа, вели не е само да правиш, треба да ја зачуваш душата на куќата, а тоа е токму тоа што се обидувам да го направам тука. Не работи со мајстори, туку сама, со рацеве со цемент и камен вели, прво ја соѕидав фурната во малото кујниче веднаш штом ќе влезеш во куќата, потоа цел под од штиците го истружив и прелакирав. Дел од ѕидовите ги соголив, раскажува Мирјана, со рацеве за да допрам до каменот кој го исчистив, излакирав и му напрвив фуги со четче за ликовно од моите деца. Потоа не прошета во дневната собата каде нејзините доаѓале нагости на некоја од селските слави, вткаено се на свое место, да се знае како што е редот, вели Кончар, и на терасата не послужи со кафе. Ни раскажа Мирјана за тоа кога решила сите свои средства и својот максимален труд да ги донесе во Велушина, немала ни вода ни струја, дворот бил запустен, а куќата нагризана од забот на времето. Отидовме и на горно душеме, како што го нарекуваше таа, спалните соби каде мебелот е од времето на дедо и и баба и. Дека треба време вели Мирјана треба, дека треба пари треба, без нив не се може, но најмногу од се за Мирјана, треба љубов кон нештата. Уште има работа во куќата потенцира Кончар, и уште пари требаат, но полека полека замислата и сонот ќе си ги оставарам се понадева, вели нема да ги фрлам настрана спомените за моето убаво детство и детството на мајка ми.