Според Јужна Кореја, Северна Кореја не ја совладала целосно ракетната технологија

0
341

Северна Кореја се уште целосно не ја совладала ракетната технологија поврзана со повторното влегување на ракетното полнење во атмосферата, а за тоа ќе и биде потребно најмалку една до две години, изјави заменикот на јужнокорејскиот министер за одбрана, Сух Чук-сук.

Тој истовремено напомена дека Северна Кореја брзо ќе ја унапреди својата способност на изработка на минијатурни боеви глави.

– Ниту САД, ниту Јужна Кореја не веруваат дека Северна Кореја целосно ја совладала технологијата на повторно влегување на ракетното полнење во атмосферата во смисла на инженеринг поврзан со материјалот, изјави вчера Сух.

Тој нагласи дека Јужна Кореја и САД не сметаат дека Северна Кореја го достигнала тоа технолошко ниво, но предупреди дека Пјонгјанг се ближи на тој степен на технолошко усовршување.

– Не можеме да кажеме кога точно ќе го достигне и тоа ниво, но на Северна Кореја за тоа ќе и бидат потребни уште најмалку една до две години, рече заменикот-министер за одбрана.

Според него Северна Кореја веројатно ќе продолжи со провокации, вклучувајќи нуклеарни проби, но тој смета дека постои голема опасност Пјонгјанг да влезе во вистински воен судир.

http://a1on.mk

Без коментари