Според мапата, Македонија има многу диви депонии

0
882

Свеста за правилно управување со отпадот не е на високо ниво во Македонија, а токму акцијата „Ајде Македонија“ од 2012 година работи на подигање на свеста преку акциите кои ги организира за собирање отпад.KANTI

-За жал многу сме назад во Европа и светот со правилното управување со отпад, вели Бојан Петровски, Ајде Македонија.BOJAN AJDE MAKEDONIJA

Од оваа година тие направија и мапирање на отпадот, односно е-регистар на нелегални депонии во Македонија. Граѓаните можат тоа да го направат или на нивната веб страница или да ја симнат мобилната апликација и да ја мапираат дивата депонија.

-Досега имаме изненадувачки голема бројка, мислевме ќе биде до 1000, но за првата недела се мапираа 300. Во Македонија има многу нелегални отпадни локации, вели Блаже Јосифовски, претседател на Ајде Македонија.BLAZE

Токму овие податоци каде се наоѓаат дивите депонии, Јосифовски вели дека ќе им служат на општините за наредната акција која ќе ја организираат на 3 октомври за чистење на отпадот. Вели дека граѓаните немаат многу голем интерес.

-Половина од волонтерите кај нас се странци, кај македонските граѓани нема интерес, вели Јосифовски.

Претставниците на Ајде Македонија беа дел од младинската размена која се одржува во Битола, а е финансирана од Еразмус плус програмата на Европската Унија.

-Во овие 8 дена имаме разни работилници на различни теми, вели Милчо Дули, НВО Сфера.MILCO

На семинарот учествуваат 42 учесници до 26 години од 8 европски држави, а темата е рециклирање, користење рециклирани материјали и делење на отпад.