Според очекувањата, Ангеловски е наследникот на Друловиќ

0
425

Предводникот на Работнички, Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Ангеловски на селекторската функција го наследи Љубинко Друловиќ, кој по пет натпревари на кормилото на националниот тим се пресели во белградски Партизан. „Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можеме да ветиме многу работа. Не стравувам од предизвикот и не се плашам да ја преземам одговорноста, иако резултатите од последниот квалификациски циклус и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Сметам дека тоа не е одраз на реалниот квалитет на фудбалерите и ќе направиме сé што е во наша можност да го поправиме впечатокот. Имаме фудбалери со силен карактер и заеднички треба да направиме тим во функција на резултатот. Многу добро знам што значи репрезентацијата за сите нас, не само во фудбалот, и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот сé со цел да оствариме подобри резултати“, изјави Игор Ангеловски откако официјално доби доверба да ја предводи репрезентацијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY