Спорот за името и мигрантската криза беа главни теми

0
539

Грчките позиции и размислувања за спорот за името му ги претставил Коѕиас на Бан Ки-Мун, на нивната  средба на која станало збор и за македонско- грчкиот проблем, додека пак генералниот секретар на ОН, според информациите на Канал 5, го пренел неговиот впечаток од неговото искуство во изминатите години.

Инаку, во премиерската палата по средбата со Ципрас, Ки-Мун доби симболичен подарок од грчкиот премиер – елек за спасување или животна алатка за некои луѓе како што рече Ципрас, изразувајќи надеж дека по договорот ЕУ- Турција повеќе нема да им биде потребен на бегалците.

Ки-Мун и се заблагодари на Грција за спасувањето на илјадници човечки животи, а Ципрас уште еднаш ги обвини земјите од балканскиот коридор за затворањето на границите.