Спортистите по петти пат даруваа крв

0
359

Поранешни и спортисти во полна кондиција, тренери, спортски работници, вработени во општинската администрација и редовни крводарители денеска се одзваа на петтата по ред крводарителска акција што ја организира општина Битола во соработка спортистите од Битола, Црвениот крст а од годинава се вклучија и спортските новинари

-Денеска ја одржуваме петтата по ред крводарителска акција, на која што спортистите масовно се одзваа. Веќе оваа крводарителска акција прераснува во традиција. Со секоја капка крв што донираат денеска спортистите и вработените во општина Битола се спасува човечки живот”, изјави Гордана Цветковска Бошевска, советник за спорт во општина Битола

Цел на денешната крводарителска акција е давање позитивен пример кај младите за подигнување на хуманата свест, сметаат дел од спортистите.
Ова е петта активност од ваков вид во која спортистите ја даруваат скапоцената течност која живот значи .